Баерн Минхен има три од три во Лигата на шампионите, германскиот шампион имал и подобар старт во елитното натпреварување на УЕФА, но за првпат има три победи без примен гол.

Со 12:0 гол-разлика, Баерн Минхен статистички е најдобриот клуб во ЛШ, победата против Бенфика со 4-0 е остварена во вториот дел, а Сане постигна гол кој се прераскажува.