Најголемото изненадување во денешната понуда од 1/16 финалето од Лига Купот на Англија го приреди Колчестер откако успеа да го елиминира Тотенхем по изведувањето на пеналите, регуларниот дел од мечот заврши безголови.

Манчестер Сити предводен од Стерлинг и Жезус победи на гостувањето кај Престон со 3:0. Арсенал го декпасираше Нотингем Форес на домашен терен со 5:0 а мечот го одбележи враќањето на Месут Озил во почениот тим.

 

Лестер славеше кај Лутон со 4:0, Саутемптон го совлада Портсмут со 4:0, Евертон беше подобар од Шефилд Венздеј со 2:0, Крул го доби соочувањето со Стоук по пенал рулетот а пласман во осминафиналето обезбеди и Вотфорд со триумфот над Свонзи од 2:0.