Манчестер Сити е во неверојатна серија, 18 меч без пораз а на последните 11 средби во сите натпреварувања има исто толку победи, вечерва триумф со 5-0 против ВБА на гости.

„Граѓаните“ со головите на Гундоган кој два пати погоди, Кансело, Марез и Стерлинг запишаа убедлива победа против ВБА на гости. Со новите три бода сега се први на табелата пред градскиот ривал Јунајтед со бод предност по 19 средби.

Арсенал запиша победа против Саутемптон на гости со 3-1, головите се дело на Пепе, Сака и Лаказет, за домашните погоди Армстронг.