Екипата на Манчестер Сити го доби дерби дуелот од 6.коло во Премиер лигата совладувајќи го Челзи со 1-0.  На средбата одиграна на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон, единствениот гол го постигна Гавриел Жезус во 53.минута со што на актуелниот првак му донесе значајни три бодови за приклучок кон врвот.

Сега Сити се проби на второто место на табелата со идентични 13 бодови колку што има лидерот Ливерпул и трето пласираниот Челзи, додека зад оваа тројка е Манчестер Јунајтед кој остана на 13 бодови, откако попладнево пред својата публика на „Олд Трафор“ загуби од Астон Вила со 1-0.

Стрелец на единствфениот гол на овој меч беше Кортни Хаус во самиот финиш односно 88-та минута. Бруно Фернандез во судиското надополнување не успеа да искористи пенал за Јунајтед.