Ливерпул во првиот натпревар на кој истрча во Англија како актуелен шампион игра очајно, барем во воведните 45 минути на „Етихад“ против Манчестер Сити.

Можеби недостига мотивација во тимот на Клоп, но ова секако нема да наиде на одобрување фановите на гостинскит тим.

Де Бруин, Стерлинг и Фоден го матираа Алисон во првото полувреме кое ќе остане забележано во историјата на Премиер лигата.

 

 

Пред почетокот на мечот, како што и најави Гвардиола, поставен беше популарниот шпалир, поточно честитка од ланскиот првак за титулата на „Црвените“, прва за нив во англиското првенство по 30 години.