Манчестер Сити го нокаутира ПСЖ во вториот дел со два гола и со пресврт запиша голема победа 2-1 на „Паркот Принцовите“, го трасираше патот кон финалето во Лигата на шампионите.

ПСЖ одигра одлично прво полувреме, со голот на Маркињос стигна до предност по првиот дел и водство од 1-0.

Но Сити не се откажа, во второто полувреме, со головите на Де Брујне и Марез дојде до пресврт и победа во Париз со 2-1, патот кон финалето е отворен.

Голот на Марез е ремек дело од слободен удар, убаво го изненади целиот ПСЖ на чело со голманот Навас кој одлично бранеше во најголемиот дел од средбата.

ПСЖ средбата ја заврши со играч помалку, Идриса Геј доби црвен картон во 77 минута.