Екипата на Манчестер Сити успеа да слави во рамките на 36.коло од Англиската Премиер лига.

Во меч без големо резултатско значење, шампионот со два пресврти успеа на крајот да дојде до победа од 3:4.

Шпанецот Торес беше прва ѕвезда на мечот, откако даде невиден спектакуларен гол со петица во лет по центаршут во првиот дел (42 минута), а потоа додаде два за две минути во 64-та и 66-та за да направи пресврт за победа, откако претходно Њукасл успеа од негатива 1-2 да дојде до водство од 3-2.

Њукасл успеа да израмни преку пенал во 45.минута што беше конечен резултат по првиот дел.

Вилок во 61,минута го донесе повторно Њукасл во водство од пенал но, Торес не дозволи новиот првак да загуби, па со два гола за 120 секунди го реши мечот и Сити сега има 83 бода на првото место, на две кола до крајот на сезоната, додека Њукасл остана на 39 на 16-та позиција.