Манчестер Сити и Тотенхем запишаа победи против Борнмут и Њукасл, ја оправдаа фаворитската улога, Давид Силва постигна голчиште.

Силва погоди за водство на Сити по 6 минути игра, потоа гол постигна и Жезус во првиот дел. Брукс ги постави конечните 2-1 на оваа средба во 88 минута.

Тотенхем со головите на Сон и Кејнкој погоди два пати го совлада Њукасл со 1-3 на гости, за домашните голот е дело на Ричи кога намали на 1-2.

Барнли и Вулверхемптон одиграа нерешено 1-1, домашните се спасија од пораз со гол од пенал во судиското продолжение преку Вуд.