Манчестер Сити загуби пред своите гледачи од Вувлерхемптон со 0-2 и го запиша вториот сезонски пораз.

Шампионот на Англија е неочекувано поразен, гостите до трите бода дојдоа со головите на Траоре во 80 и 94 минута.

Челзи беше убедлив на гости кај Саутемптон, славеше со 1-4 со убедлива игра. За сините од Лондон ова е  четврта победа во првенството.

Арсенал со еден гол до максимални три бода од мечот со Борнмут, голот вреден три бода е дело на Луиз.