Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога против Вотфорд и запиша победа со 3-1 на гости.

Стерлинг погоди прв во 4 минута, а потоа следуваа два гола на Силва, во 31 и 63 минута за убедлив триумф на гости.

Сити со 35 бода е прв пред Ливерпул со 34, и двата тима имаат по 15 одиграни средби, Вотфорд по денешниот пораз останува на 13 бода и на 17 позиција.