Мечот од шеснаесеттинафиналето на српскиот куп меѓу Црвена Звезда и Трепча нема да се одигра, откако фудбалерите на „црвено-белите“ не беа пуштени на граничниот премин Јариње од косовската полиција и царина.

„Дојдовме да играме фудбал, но тоа ни беше ускратено и покрај препораката на ФИФА. Косовските институции не ја испочитуваа и не ни дозволија да играме. Ни кажаа дека тоа е одлука на владата на Косово и оти немаат објаснување. Препораката на ФИФА беше недвослена. Не баравме ништо необично. Не постои ни една причина зошто натпреварот не би се одиграл во Звечан“ – изјави генералниот директор на белградскиот клуб“ – Звездан Терзиќ.

На српската страна од граничниот премин беа стационирани засилени полициски сили и голем број на медиуми, додека на косовската беа распоредени припадниците на специјалната единица РОСУ.