Вишиот суд во Нови Сад денеска го осуди на 15 месеци затвор судијата Срѓан Обрадовиќ од Јагодина, поради обвинение дека ја злоупотребил положбата судија на натпревар меѓу Спартак Суботица и Раднички Ниш. Српски Телефраф пишува дека Обрадовиќ ја користел службената функција за му помогне на тимот на Спартак.

Исто така, на Обрадовиќ му е изречена забрана за вршење на судиската работа, како и сите работи во српскиот фудбал од 10 години.

Ова е првостепена пресуда на која и Обвинителството и одбраната имаат право на жалба пред второстепен суд.

Обрадовиќ е осуден дека на мечот меѓу Спартак и Раднички кој заврши 2:0 за домаќините, ја користел службената положба, како би го фаворизирал Спартак во директниот дуел за пласман во Европа.

Обрадовиќ на натпреварот свирна два пенали за Спартак. Според оценката на спортските медиуми еден од бил скандалозен.

Погледнете како пенал досуди Срѓан Обрадовиќ: