Втор пораз во низа за Работнички, седум бодови за Скопје на последните три меча во ПМФЛ, ова е епилогот од денешниот натпревар на „Тодор Проески“ на кој гостинот од Автокоманда славеше против „Романтичарите“ со 1:0 во воведниот натпревар од 10 коло во домашното фудбалско првенство.

Два нереализирани пенали, еден автогол и три бода за тимот кој оваа сезона има една амбиција, опстанок во елитата на Македонија.

Домаќините игра под своето ниво, единствениот гол на мечот го постигна Марио Станковски во сопствената мрежа во 56 минута а домаќинот натпреварот го заврши со играч помалку откако Илиевски заработи црвен картон во 65 минута.

Претходно во 32 минута Марио Станковски не реализираше пенал за Работнички.

Пред крајот во 85 минута, Јанакиевски пропушти шанса за зголемување на 2:0 за Скопје, и тој не реализираше пенал.

Во следното коло Работнички гостува кај Шкендија а Скопје го дочекува Тиквеш.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Колото продолжува утре: