Репрезентациите на Полска и Словачка во овие моменти го играат својот меч на ЕУРО 2020 во групата Д. Денешниот ден како да е предодреден за прекрасни погодоци, па покрај оној на Патрик Шик , Роберт Мак се погрижи да има ново ремек дело на еврошампионатот постигнувајќи го својот првенец , со кој ја доведе репрезентацијата на Словачка во водство.

Се играше 18.минута кога Мак со вистински слалом се прошета низ одбраната на Полска и постигна гол за водство од 1-0