Словачка ја совлада Полска со 2-1, голот вреден три бода е дело на Милан Шкрињар во 69 минута од средбата.

Претходно, Мак постигна гол за 1-0 за Словачка во 18 минута, додека Линети по три минути игра во вториот дел израмни на 1-1.

 

Шкрињар донесе победа за Словачка со убав потег на 20 минути до крајот на мечот. Вечерва во оваа група играат Шпанија и Шведска.