Словенија не се предава во трката за третото место во групата Г откако ја совлада Летонија со 1:0 во вовендиот натпревар од 9 рунда во оваа конкуренција од Евроквалификациите.

Сега Словенија е на третото место со три бода повеќе од Македонија и  Израел но и со натпревар повеќе.

Белгија славеше со 4:1 на гостувањето во Русија и со ова го потврди првото место во гурпата И на едно коло до крајот на квалификациите.

 

Казахстан очекувано славеше над Сан Марино со 3:1 додека Велс мина без проблеми на гостувањето кај Азербејџан (2:0) и со ова остана во игра за ЕУРО 2020.