Словенија со 1-0 ја совлада Хрватска во мундијалските квалификации, историска победа за „змајчеки“ кои за прв пат ги победи „коцкестите“.

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, спортски го призна поразот и со една изјава предизвика бура на реакции во својата земја.

„Заслуживме пораз и тоа е реално да се признае. Се обидовме да го смениме текот на натпреварот, но за жал не успеавме, Словенија беше подобра и порешителна, секако и заслужено нè победи“ – изјави Далиќ.

Следно за Хрватска во квалификациите е дуелот со Кипар.