Барселона го победи Арсенал во рамки на „Трофеј Гампер“ со 2-1 и тоа со пресврт откако први поведоа „топџиите“ на оваа средба со голот на Обамејанг по 36 минути игра.

Интересен беше израмнувачкиот гол на Барселона кој е всушност автогол на Мејтланд-Најлс кој го измами својот голман и израмни на 1-1.

Конечните 2-1 ги постави Суарез со гол во судиското продолжение од натпреварот за победа на Барселона.