Шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид одигра два контролни натпревари во Минхен во рамките на Ауди Купот.
Откако беа поразени од Тотенхем со 1-0,„кралевите“ во меч со осум погодоци славеа над Фенербахче со 5-3.
Судејки по играта и резултатите во подготовките атмосферата во Реал не е идеална што потврдува и сцената од тунелот на Алианз Арена пред мечот со турската екипа.
Марсело ја носеше капитенската лента, ги собра своите играчи и им порача дека денес мора да победат како умеат , а Начо на тоа додаде дека е неопходно да се запише победа за да се стекне самодоверба во тимот.
Comments are closed for this post.