Новата сезона во шпанската Примера дивизија започна со големо изненадување , откако Атлетико Билбао успеа да ја совлада Барселона триумфирајќи над актуелниот шампион со 1-0.

Единствениот гол беше дело на 39-годишниот Адуриз, еврогол со „ножички“ за комплетна радост и воодушевување на „Сан Мамеш“

Првата победа Каталонците ќе ја бараат против Осасуна во следното коло, а Атлетик Билбао за една недела ќе игра на гости кај Хетафе.