Играчите на Барселона веќе не веруваат во капацитетот на тренерот Кике Сетјен и сметаат дека тој не може да го води клубот.

Според информации на Catalunya Radio, играчите засега меѓусебно зборуваат за слабостите на тренерот и неговиот тим, но само прашање на време е кога тоа ќе го искажат и јавно.

Сетјен пред два месеци го смени Ернесто Валверде.