Навивачите на Атлетик Билбао уште еднаш беа сведоци на мајсторија од легендата на својот клуб Адуриз, а имуни на неговиот магичен погодок не останаа ниту соиграчите од екипата.

Така, Адуриз имаше убав пречек при влегувањето во соблекувалната после натпреварот.

Сите кои беа во соблекувалната му честитаа, со аплаузи и овации, а видео од атмосферата објави Билбао на својот Твитер профил.