Матија Дестро синоќа во мечот против Верона постигна два гола за Џенова на Горан Пандев, а конечниот резултат од мечто беше 3:3.

Италијанскиот напаѓач посебно ги воодушеви сите со вториот гол, кој го постигна после одлична соло акција. Прво успеа да го издрибла својот чувар, а потоа ја поткопа топката и го матираше голманот на Верона.

Се тоа Дестро успеа да го направи додека во раката имаше шише во вода. Имено, Дестро пиеше вода на тревникот и се освежуваше во моменти кога се појави шанса за напад. Со шише во ракта почна да трча кон голот на Џенов, ја прими топката и мајсторски постигна гол.