Уругвајскиот стопер Себастијан Коатес без сомневање би можел да ја добие наградата за најлош играч на светот, доколку истата би се доделувала.

Неговите потези во изминатиот месец се неверојатни, а најчесто тој е причината поради катастрофата која ја доживува лисабонски Спортинг.

Португалскиот тим на последните четири натпревари, три во првенство и еден во Лига Европа успеа да постигне само бод и тоа кога во игра не беше Коатес.

На одиграните последни три натпревари Коатес е причината за три прекршоци за пенал, два автоголови и црвен картон.