Аталанта по втор пат загуби во Лигата на шампионите и најверојатно ќе се збогува од настапите во Европа, Шхтјор го шокира тимот од Бергамо со гол во 95 минута.

Аталанта при 0-0 преку Иличиќ не искористи пенал во 16 минута. Запата во 28 носи предност на тимот од Бергамо.

Мораеш пред крајот на првото полувреме израмни на 1-1 во 41 минута.

Шок за Аталанта, тимот од Украина погоди во 95 минута преку Мораеш за победа која е прва за оваа екипа во групата  Ц.