Манчестер Јунајтед многу полесно во однос на дуелот во Премиер лигата го совлада Брајтон и се пласираше во четвртфиналето од Лига Купот на Англија.

Хуан Мата беше прогласен за играч на натпреварот, плејмејкерот постигна гол за водство од 2:0 во акцијата во која беа реализирани 13 додавања во низа.

Според Солскјер, Манчестер Јунајтед почнува да игра како што тој посакува и наскоро тоа ќе го потврди и во натпреварите од Премиер лигата.