Тотенхем победи со 4:0 на гостувањето кај Црвена Звезда во 4 коло од групата Б во Лигата на шампионите а мечот го одбележи фантастичниот кам-бек на Сон по викенд шокот против Евертон.

Сон постигна два гола, останатите беа дело на Ло Селсо и на Кристијан Ериксен. Репрезентативецот на Јужна Кореја се обиде при прославата на голот во 57 минута да упати извиднување кон Гомеш за повредата која му ја нанесе во неделата и со тоа уште еднаш ја покажа својата големина како личност.

Во оваа група во воведниот термин за елитен фудбал, Баерн Минхен го совлада Олимпијакос со 2:0 и со ова обезбеди пласман во осминафиналето.