Селекцијата на Јужна Кореа г славеше над Либан со 2-1 во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Голот за 2-1 и конечна победа на Кореа го постигна најголемата ѕвезда на репрезентацијата и член на Тотенхем , Сон Хеунг-Мин кој откако го реализираше пеналот веднаш се упати накај камерите за да испрати порака до неговиот поранешен соиграч од Тотенхем, Кристијан Ериксен кој вчера колабираше на средбата против Финска.

„Остани силен, те сакам“, -порача Сон кој е добар пријател со Данецот и некогашен соиграч во Тотенхем.