Фудбалерите на Тотенхем се израдуваа на победа во драматичната пресметка со Астон Вила во 26 коло од Премиер лигата. За триумфот од 3:2 на гостувањето на „Вила Парк“ најзаслужен беше Сон кој реализираше во 94 минута.

Со овој гол фудбалерот од Јужна Кореја ја продолжи голгетерската низа а воедно стана и првиот играч од од Азија кој во Премиер лигата ја минал границата од 50 голови (Сон сега има 51 гол во елиатата на Англија.)

Астон Вила поведе со автоголот на Алдервирелд во 9 минута. Стоперот на Тотенхем возврати со гол во другата мрежа во 27 минута. На полувреме Тотенхем замина со предност од 2:1 благодарени на Сон и неговиот гол во 45+2 минута од првиот дел.

 

Во второто полувреме Астон Вила израмни прекуи Енгелс во 53 минута а конечни 3:2 ги постави Сон во 94 минута.