Наполи го заврши со пораз мечот во Русија против Спартак Москва во петтото коло од групната фаза во Лигата на Европа, со што си го отежна патот до нокаут фазата во Лигата на Европа.

Она што е добро за нас во овој пораз на наполитанците ако може да е нешто добро, е што стрелец на гол беше нашиот Елиф Елмас, но сепак недоволно.

Ваквиот епилог го налути посебно тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, кој по мечот во Москва беше толку лут што дури и одби да се поздрави со противничкиот тренер, Португалецот Руи Виторија.