Неверојатен финиш на мечот Калјари – Парма кој домашните го добија со 4-3 во трилер завршница, во судиското продолжение домашните постигнаа два гола, во 91 и 94 минута голема победа.

Парма водеше со 2-0 и 3-1, но домашните не се предадоа, головите за гостите беа дело на Пецела, Куцка и Ман, и водеа се до 91 минута но тогаш се случи пресврт.

Со головите на Переиро во 91 и Чери во 94 минута, Калјари стигна до неверојатна победа против Парма и запиша три бода на своето конто.