Црвена Звезда доживеа нов дебакл во Лигата на шампиони, овој пат против Баерн Минхем кој славеше во Белград со 6-0.

Нова неверојатна вечер имаша Роберт Левандовски кој во вториот дел постигна 4 погодоци за само 15 минути, а победата на германците ја најави Горецка со голот во 14 минута. 6.гол за „баварците“ беше дело на Толисо.

Со овие 4 погодоци Полјакот е убедливо прв на листата на стрелци со 10 погодоци за само 5 кола и има големи шанси да го сруши рекордот на Кристијано Роналдо како фудбалер со најмногу погодоци во една сезона во шампионската лига.

Во вториот меч од оваа група Тотенхем по голем пресврт го совлада Олимпијакос со 4-2. Грците изненадувачки по половина час имаа предност од 0-2, но пулените на Мурињо со голот на Али во финишот на мечот го најавија пресвртот.

Второто полувреме мина во тотална доминација на Лондончани кои со головите на Кејн и погодокот на Орие стигнаа до пресврт.