Интер запиша прва победа во Серија А сезонава, во Милано со 4-3 ја победи Фиорентина со три пресврти на средбата.

Фиорентина поведе со голот на Куаме по само 4 минути игра. Интер израмни во судиското продолжение преку Лаутаро кој постигна ефетен гол.

Интер прави пресврт во вотриот дел, автогол на Чекарини во 52 минута. Следуваше израмнување на Фиорентина преку Кастровили, а потоа и пресврт на гостите од Фиренца со голот на Киеза за 3-2 во 63 минута.

Лукау и Д’Амброзио во финишот на средбата прават нов пресврт со два гола, 4-3 за Интер и прва победа сезонава за тимот на Конте.