Супер натпревар со седум гола, Наполи го победи Лацио со 5-2 на „Диего Армандо Марадона“ во Неапол, Елиф Елмас доби скромна минутажа во финишот на средбата.

Серијата на голови ја отвори Инсиње во 7 минута кој погоди и во 53 на спектакуларен начин, во меѓувреме еден гол запиша и Политано.

Во продолжението на вториот дел, Лацио прими уште еден гол, стрелец беше Мертенс за 4-0 на Наполи. Гостите од Рим постигнаа два гола, Имобиле и Милинковиќ-Савиќ по еднаш се запишаа во листата на стрелците, Србинот постигна спектакуларен погодок.

Конечните 5-2 ги постави Осимен во 80 минута, Наполи има 63 бода на 5 место на табелата, Лацио се одалечи од борбата за излез во Лигата на шампионите, со 58 бода е на шестото место.