Екипата на Шалке продолжува со игрите топло-ладно и никако да фати константност и со неколку врзани победи да се искачи на врвот во втората германска лига , од каде би можеле експресно да се вратат во Бундес лигата.

Така беше и денес , загубија на домашен терен со 1-2 од Карлсруе а посебно за напоменување е победничкиот погодок на гостите кој беше дело на Ваничек кој со прекрасен удар го совлада домашниот голман.

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов беше стартер за Шалке и одигра 72 минути за тимот од Гелзенкирхен. До неговото излегување Шалке имаше позитивни 1-1 а треба да се напомене дека Чурлинов беше асистент за голот на Тероде во 15. минута