Златан Ибрахимовиќ е машина за голови, иако има 38 години блеска во МЛС во САД каде го запиша 455 гол во кариерата.

Швеѓанецот го постигна првиот гол за ЛА Галакси против Хјустон, за Ибрахимовиќ ова е 52 гол во 56 настап во МЛС каде е втор стрелец.

Ибрахимовиќ шутираше од тешка позиција и постигна нов прекрасен гол во 9 минута за водство на својот тим но Хјустон запиша победа со 4-2.