Брентфорд и Ливерпул одиграа меч за паметење, заврши без победник 3-3,  шест гола, поништени голови, убави потези, едноставно спектакл кој го понуди оваа средба од Премиерлигата.

Пинок за Брентфорд и Жота  за Ливерпул, погодија п еднаш во првото полувреме, најавија екстра меч.

Следуваше вториот дел со четири гола, Салах му носи пресврт на Ливерпул во 54 минута, а десет минути подоцна израмнија домашните преку Жанелт.

Во супер завршницата, Џонс повторно му донесе предност на Ливерпул, сега за 3-2 во 67 минута, но  Виса во 82 минута ги постави конечните 3-3.