Супер интересен натпревар одиграа Шефилд и Манчестер Јунајтед, на крајот без победник,  домашните водеа со 2-0, гостите свртеа на 2-3, на крајот 3-3.

Шефилд поведе со головите на Флек во 19 и Мусет во 52 минута, имаше солидна предност за победа…

Јунајтед не се предаде, со три гола во финишот прави пресврт, тинејџерите, Вилијамс (72 мин) и Грнвунд (77 мин) носат израмнување за гостите, Рашворд и предност со 2-3 во 79 минута.

Кога се чинеше дека „ѓаволите“ ќе дојдат до три бода, Шефилд израмнува преку Мек Брни во судиското продолжение за конечни 3-3 на овој спектакуларен меч.