Челси и Јунајтед одиграа дерби без голови, навивачите на двете екипи очекуваа повеќе од натпреварот на денот, но она најинтересното го немаше.

Момент кој се прераскажува од овој дуел е спорната ситуација во 15 минута, ВАР или не го гледаат, или не сакаат да го гледаат правилно, судиите во Премеир лигата повторно се во фокусот на вниманието, Калум Хадсон-Одои  играше со рака во својот шеснаесетник,  судијата Атвел  ја прегледуваше снимнката, но не досуди пенал…

 

Двете екипи имаа шансиза гол, но мрежите на крајот мируваа, Хаким Зијеш, Скот МекТоминеј, Маунт имаа шанси на средбата на двете страни…

По овие 0-0, Јунајтед стигна до 50-от бод, на второ место има 12 помалку од Сити, додека Челси со 44 бода е на 5-та позиција.