Спортинг Лисабон по голема борба не успеа да избори пласман во 1/16 финалето од Лигата на Европа, откако во реванш дуелот против Башакшехир по продолженија беа елиминирани, а по основните 90.минути мечот заврши со 3-1 за домаќините.

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски ги одигра сите 90.минути за португалскиот тим, кој по првиот дел имаше негатива од два погодоци.

Спортинг со голот на  Вието во 68.минута намали на 2-1, но во последните моменти од мечот Виска со одличен удар од 12.метри обезбеди продолженија за турскиот претставник.

Во нив истиот фудбалер во 118.минута со удар од белата точка донесе голема радост кај домашните навивачи и пласман на Башакшехир во 1/16 финалето.