Стефан Ристовски одигра комлетни 90 минути за Спортинг кој запиша победа со 3-1 против Башахшехир, прв натпревар од 1/16 финалето во Европа лигата.

Спортинг Лисабон запиша победа со головите на Коатес, Спорар и Вието. Ристовски асистираше при постигнувањето на вториот гол за Спортинг.

Единствениот гол за Башахшехир е дело на Виска во 77 минута. Спортинг има солидна предност пред реваншот кој се игра за седум дена.