Бранителот на титулата во Франција го претрпе вториот овосезонски пораз во Лига 1 откако вечерва пред своите навивачи загуби од Ремс со 2:0.

Ни присуството на Нејмар во почетниот состав на Тухел не го промени индиспонираниот пристап на играчите на најбогатиот тим во Франција.

Камара реализираше во 29 минута а за 2:0 постигна гол Диа во 93 минута.

 

По завршувањето на дуелот, Нејмар уште еднаш беше испратен со свирежи од домашните навивачи кои сеуште не можат да му го простат однесувањето ова лето и желбата да го напушти клубот.