Интер е вториот гигант кој не успеа да избори пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите откако го освои последното четврто место во групата Б од Лигата на шампионите.

Ремито на домашен терен против Шахтојор за Интер значи елиминација во натпреварувањата под знакот на УЕФА, поточно нема учество напролет во Лигата на Европа.

Прв во оваа група заврши Реал мадрид кој ја победи Борусија Менхенгладбах со 2:0, бундеслигашот е второпласиран и обезбеди осминафинале во ЛШ, Шахтјор ќе игра во Лига Европа.