Навивачите на Брајтон започнаа петиција на социјалните мрежи со која бараат Ли Мејсон да биде казнет поради денешната ВАР-пародија на „Хфтхорнс“ во дуелот со ВБА.

Домаќините поведоа во 11 минута, на ова следуваше промашениот пенал на Грос за Брајтон во 19 минута, но вистинската драма пристигна во 30 минута.

Мејсон досуди слободен удар за Брајтон, Данк го изведе и постигна гол. Непосредно по ова Мејсон прво го поништи голо, па по триесетина секунди покажа кон центарот за потоа од ВАР собата да дадат знак дека голот сепак е поништен.

Со ова ВАР одлуките во Премиер лигата одново се на удар на јавноста а навивачите на Брајтон бараат официјално објаснување зошто голот кој беше признат два пати беше поништен.

На крајот ВБА славеше со 1:0 против Брајтон кој во 75 минута не искористи и пенал преку Велбек.