Со победата против Азербејџан на стадионот „Рајко Митиќ“ 3: 1, фудбалската репрезентација на Србија обезбеди пласман во баражот за одигрување на СП 2022 година во Катар. Душан Влаховиќ беше двоен стрелец.

Селекцијата на Драган Стојковиќ Пикси го задржа првото место со 17 бодови, еден помалку, има репрезентацијата на, Португалија, но и натпревар помалку  која на 11 ноември ќе гостува во Даблин во Република Ирска.

Во рамки на групата Ц, Швајцарија ја декласира Литванија на гостински терен (0-3), а Бугарија конечно победи и  беше подобра од Северна Ирска.

Изненадувањето на колото е киксот на Англија на домашен терен против Унгарија ,односно ремито од 1-1 на Вембли.

Гостите изненадувачки поведоа први со погодок од пенал на Салаи во 24. минута, додека изедначи Стоунс во 37. минута. До крајот на мечот остана 1-1 конечен резултат.