Белградски Партизан обезбеди пласман во групната фаза во Европа лигата откако Немања Милетиќ погоди за израмнување во 80 минута од средбата на реваншот со Молде.

Натпреварот, Молде  – Партизан заврши со резултат 1-1, во Белград тимот од Србија запиша победа со 2-1, голот во 80 минута решавачки за пласман во групната фаза.

Белграѓани ќе гледаат елитен фудбал оваа сезона, Црвена Звезда стигна до групната фаза во Лигата на шампионите.