Србинот Душан Влаховиќ го реши натпреварот меѓу Фиорентина и Лацио во Фиренца, постигна два гола за победа на „виолетовите“ но и собори клупски рекорд стар 21 година.

Со головите против Лацио, Влаховиќ го надмина легендарниот играч на Фиорентина, Габриел Омар Батистута, Србинот има 7 гола на последните 8 меча, стигна до бројка од 21 погодок сезонава, што му успеало на легендарниот Аргентинец пред 21 година, да има 20 или повеќе голови во една сезона.

Влаховиќ има уште шанси за голови бидејќи сезоната во Италија сè уште не е завршена.