Српското фудбалско вечно дерби, Црвена Звезда – Партизан, заврши без голови 0-0, ова беше 162 издание на големата пресметка на двата клуба од Белград.

Партизан и Црвена Звезда не воодушевија на тернот, имаше голема борба но најважното, головите , изостанаа на стадионот „Рајко Митиќ“.

Дербито имаше предигра меѓу навивачите на двата клуба, „Делиите“  и Гробарите“ се пресметаа низ улиците на Белград, имаше инциденти и на стадионот.