Хрватска синоќа во Глазгов ја победи Шкотска со 3:1 и се пласираше во осминафиналето на Европското првенство како второпласирани во групната фаза.

Екипата на Златко Далиќ на Хемпден Парк ја бодреа околу стотина најупорни фанови, кои пристигнале во Шкотска и покрај строгите епидемиолошки мерки.

Шкотите имаа многу погласна и поголема поддршка, а натпреварот се гледаше и по улиците во шкотски градови. Е едно од таквите групни гледања пристигна и комична снимка од еден незадоволен шкотски фан.

Откако Модриќ постигна гол за 2:1, меѓу навивачите во Шкотска завладеа тага, а кај некои и лутина. Еден од нив во налет на бес се обиде да ја удри масата, но потполна ја промаши и практично само ја стави ногата на неа.