Фудбалерите на Манчестер Јунајтед на полувреме имаат предност до 2-1 против Борнмут во рамки на 33.коло од Премиер лига.

Натпреварот не започна најдобро за фаворитот, откако Станислас по еден „магичен“ дриблинг го посрамоти Мегвајер и ги доведе гостите во водствот.

Сепак фаворитот со голот на Гринвуд по само 15.минути игра се врати во игра, а во 34.минута Рашфорд од пенал ги доведе „црвените ѓаволи“ во водство. Во финишот од првиот дел Марсијал ја дуплираше предноста за англискиот гигант.